„Жена“ e збор на годината за 2022 според дигиталниот речник „Dictionary.com“ 

- Advertisement -

Дигиталниот речник „Dictionary.com“ го прогласи зборот „жена“ за збор на годината 2022 како резултат на дебатата за полот во политичките и јавните дискусии во САД и пошироко.

Како што велат оттаму, на сајтот забележале впечатлив број на пребарувања за дефиниција на зборот „жена“ што оваа година се зголемил дури за 1.400 проценти.

- Advertisement -

„Оваа година, пребарувањата на зборот жена на сајтот на ‘Dictionary.com’ се зголемија повеќекратно во однос на одделни настани со висок профил“, пишува на веб-сајтот на речникот.

Веб-страницата на речникот зборот го дефинира како „Возрасна женска личност“.

- Advertisement -

Оттаму информираат дека во листата кандидати за збор на годината се нашле и емотиконите за украинското знаме, фразата „тивко напуштање“ и зборовите „Вордл“ (Wordle), „демократија“ и „инфлација“.

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -