Во текот на изминатото лето TikTok видео за Airbnb наречено кабина за робови од 1830-тите години стана вирално од погрешни причини. Сега од Airbnb наведуваат дека повеќе нема да промовираат, ниту да изнајмуваат куќи во кои живееле поробени луѓе.
Во извештајот објавен неделава наречен „Шестгодишно ажурирање на работата на Airbnb на борбата против дискриминација и изградба на инклузија“ Airbnb ја објави својата политика „Забрана за величење и маркетинг на ропството“.
„Во јули 2022 година презедовме низа мерки за да ги отстраниме недвижностите во САД за кои се знае дека вклучуваат бивши куќи на робови. За таквите имоти нема место на Airbnb“ се вели во извештајот.
Компанијата тогаш веднаш ги отстрани листите на кои се наоѓале некогашни куќи на робови и почна да работи со експерти, како што се архитекти, за зачувување на историјата на Џоби Хил, на политиките за решавање на другите имоти со седиште во САД и искуства поврзани со ропството.
Овие политики, кои се применуваат за имоти во САД, вклучуваат: забрана на листување на кои било куќи или дуриг структури во кои живееле или работеле поробени луѓе, ако структурите постоеле за време на ропство и и понатаму се присутни на имотот, забрана за кои било структури посебно дизајнирани за сместување на поробени луѓе, односно т.н куќи за робови и забрана за промоција на обележјата во врска со ропството. Компанијата во моментот рабтои на имплементација на новите политики.
(Bizlife)
(фото: Raw Pixel)