Десет најдобри европски дестинации за зимски патувања годинава

- Advertisement -

Европските градови се меѓу најпосетените дестинации оваа зима. Милиони туристи ја посетуваат Европа во зимските месеци поради специфичните искуства кои ги одушевуваат. Европа не само што ги оправда, туку и ги надмина очекувањата на туристите кои бараат нови искуства.

Зисмките температурси во Европа се разликуваа, па така на северниот дел на овој континент можете да најдете вистинска зимска атмосфера, а на југот можете да искусите медитеранска клима. Една од препораките е патување со воз, за да можете да видите невообичаени пејзажи, но и да контактирате со локалното население.

- Advertisement -

Во прилог ви нудиме топ десет европски дестинации за зимски патувања.

Талин, Естонија – туристите тврдат дека не постои град како Талин за автентично доживување на еден божиќен саем. Девојките на штандовите продаваат пржени компири и пудинг, а во ред се чека и за топол ликер од рум. Талин е една од најстарите метрополи во Северна Европа и едно од надобрите места во Европа во текот на зимата.

- Advertisement -

Фиренца, Италија – како и некои други италијански градови, божиќната атмосфера го прави едно од најдобрите места за посетување во Европа. Локалното население почнува да ги украсува излозите на почетокот на декември, а градската управа на Фиренца поставува декоративно осветлување по улиците.

Минхен, Германија – Германија е држава со неколку празнични традиции, меѓу кои песни, новогодишни дрвца и адвентски календари, а Минхен е особено ценет како дестинација на зима. Новогодишните саеми и бајковитата атмосфера се она по што е препознатлив градот.

- Advertisement -

Хелсинки, Финска – во Хелсинки можете да очекувате вистинска празнична атмосфера затоа што овој град на зима главно е прекриен во снег. Главните улици и трговските центри се украсени, а секаде се шири мирис на греено вино. Иако температурите се многу ниски, насекаде има славење.

Рим, Италија – Рим во зимските месеци е навистина пријатен и без гужва. Декември е најдобро време во градот затоа што се е осветлено и декорирани. Вообичаено врне помалку дожд во споредба со ноември, а деновите се вредри и кратки.

Брисел, Белгија – Белгија е позната како држава на различни јазици. Ја ценат поради велчествената инфраструктура и старите градови, а во Брисел има многу содржини во кои можете да уживате. Градот е познат и по вкусните вафли, пивото, чоколадата и помфритот.

Париз, Франција – Париз се смета за една од најдобрите дестинации во Европа не само за време на новогодишните празници, туку и во текот на целата година. Моќната Ајфелова кула и катедралата Нотр Дам се уште помагични во текот на зимата.

Болоња, Италија – Болоња е особено интересна во текот на декември поради празничните традиции. Славењето почнува на 8 декември со китење на дрвцата на главниот плоштад, а потоа се делат пакетчиња за деца на празникот Санта Луција, после што доаѓа Бадник и Божиќ.

Будимпешта, Унгарија – зимата е најдобро време за одење во Будимпешта. Посетата на овој град посебно привлекува внимание поради музеите, староградските локали и термалните базени. Посебно внимание привлекува заледениот Дунав.

Венеција, Италија – ако ја изберете Венеција за своја дестинација, задолжително одете на карневалот. Меѓутоа, костимираните настани се особено скапи. Затоа се препорачува да уживате во бесплатните содржини кои ги нуди карневалот. Освен тоа, Венеција е позната по културата која може да ја доживеат посетителите, уникатната архитектура, каналите и атмосферата од стариот свет, кои на зима се едноставно волшебни.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia, Liligo)

Сподели!
- Advertisement -