Големиот корален гребен во Австралија е замрзнат со цел да се презервира

- Advertisement -

Истражувачи го замрзнаа Големиот корален гребен во Австралија. Ова е прв таков експеримент во светот за презервација на ларвите на гребенот и евентуално спасување на коралите од климатските промени, пренесе Reuters.

Коралните гребени насекаде се уништуваат поради се повисоките температури на океаните и морињата, кои резултираат со дестабилизација на деликатните екосистеми.Големиот корален гребен во Австралија во последните седум години наголеми почна да бледнее и да го губи здравјето.

- Advertisement -

Еден метод за заштита на ваквите хабитати е криогенско замрзнување на коралите за да се складираат и после одреден период да се вратат во водата. Сепак, за вакво замрзнување потребна е софистицирана опрема, меѓу која и ласери.

За среќа, научниците направија нова криомрежа која може лесно да се произведе и уште подобро да ги зачува коралите отколку ласерите. Во текот на овој месец научниците ја искористија таа мрежа за да ги замрзнат ларвите на коралите во австралискиот Институт за морски науки. Ова е првото такво лабораториско тестирање во светот.

- Advertisement -

Новата технологија ќе помогне да се складираат коралите на температура од -196 степени Целзиусови.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -