Десет најскапи климатски катастрофи во 2022 година

- Advertisement -

Хуманитарната организација Christian Aid ги издвои најлошите климатски катастрофи поврзани со климата годинава, додека светот доживува се посилни бури, обилни дождови и суши, предизвикани од рстечките глобални температури како последица на активностите на луѓето.

Тука се вклучени и бурите и сушите во Обединетотот Кралство и во Европа, заедно со големите настани на сите населени континенти. Секоја од десетте најскапи бури, поплави и суши во 2022 година чинела најмалку 3 милијарди долари, покажа извештајот.

- Advertisement -

Ураганот Иан имал најтешки финансиски последици – 100 милијарди долари, кога во септември ги погоди САД и Куба. Поиради ураганот умреа 130 луѓе, а се раселија над 40.000, се вели во извештајот на хуманитарната организација.

Најтешки последици во смисла на човечки жртви имаа поплавите во Пакистан од јуни до септември, за кои научниците утврдија дека се значително поверојатни поради климатските промени. Тие предизвикаа 1.739 смртни слуќаи и раселување на 7 милиони луѓе. Поплавите чинеа речиси 5,6 милијарди долари, иако тоа е само осигураната загуба, иако реалната цена била над 30 милијарди долари.

- Advertisement -

Според извештајот, ова се десетте најскапи климатски катастрофи во 2022 година во смисла на осигураната штета.

Февруари: бура Јунис во Белгија, Германија,Ирска, Холандија, Полска и Велика Британија – 4,3 милијарди долари;

- Advertisement -

Февруари-март: поплави во источна Австралија – 7,5 милијарди долари;

Април: поплави во Квазулу Натал и Источен Кејп, Јужноафриканска Република – 3 милијарди долари;

Од јуни до септември: поплави во Пакистан – 5,6 милијарди долари;

Од јуни до септември: поплави во Кина – 12,3 милијарди долари;

Од јуни до септември: европска суша – 20 милијарди долари;

Септември: ураган Фиона, Кариби и Канада – 3 милијарди долари;

Септември-октомври: ураган Иан на Куба и САД – 100 милијарди долари;

Цела година: бразилска суша – 4 милијарди долари;

Цела година: суша во Кина – 8,4 милијарди долари.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -