Европската унија одобри достава на товар со беспилотни летала. Како што појаснуваат од Dronamics, компанијата која уште годинава сака да стартува со таква достава во Европа, ова треба да биде првата достава на товар со дронови во светот.
Dronamics ја основале браќата Константин и Свилен Рангелов од Бугарија. Тие тврдат дека нвните беспилотни летала Black Swan ќе можат да понесат товар колку едно комби возило и да го превезат преку цела Европа. Тие треба да можат да превезат до 350 кг товар на оддалеченост од 2.500 км.
Браќата една деценија истражувале и ги развивале сопствените летала. Инспирација добиле од Amazon и неговиот обид за директна достава на пакети со мали дронови. Но, идејата која стои позади Black Swan е нешто поинаква. Тие сакаат дел од пакетите, тој кој сега се врши со комби возила, ќе го заменат со беспилотни летала.
Планираат да ги користат постојните аеродроми во Европа, дури и најмалите, за што побрзо и полесно да ги донесат пакетите до крајните корисници, Но, нивните дронови ема да вршат достава до врата. Повеќе ќе служат за пренесување пакети до складишта и до оддалечени локации.
Најголем ддел од аеродромите се поблиску до крајните корисници од примарните дистрибутивни центри, поради што се попрактични за достава во истиот ден, сметаат браќата.
„Сакаме да почнеме со рути кои се најмалку ризични, како што се тие над вода“ велат браќата Рангелов и објаснуваат дека планираат да почнат со достава на Медитеранот, на пример во Грција и Црна Гора.
Амбициозните планови опфаќаат и изградба на нивните беспилотни летала во Германија, користење на еколошко гориво и првите летови да се реализираат уште годинава.
(Interesting Engineering)
(фото: Dronamics)