MMФ прогноза: Рецесијата ќе зафати една третина од светот годинава!

- Advertisement -

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предвидува дека третина од светската економија ќе биде зафатена од рецесија во 2023 година, пренесува „БиБиСи“.

Претседателката на ММФ, Кристалина Георгиева истакна дека 2023 година ќе биде потешка од претходната бидејќи успорување на економиите е забележано во САД, ЕУ и Кина.

- Advertisement -

Рецесијата дојде откако светската економија се судри со војната во Украина, зголемените цени и ширењето на Ковид-19.

„Очекуваме една третина од светската економија да биде погодена од рецесија“, изјави Георгиева при гостување во „СиБиЕс“. Таа додава дека рецесијата ќе биде почувствувана и во земјите кои не се погодени од рецесијата.

- Advertisement -

Во октомври, ММФ ја намали својата перспектива за глобалниот економски раст во 2023 година поради континуираното оптоварување од војната во Украина, како и инфлаторните притисоци и високите каматни стапки наметнати од централните банки како Федералните резерви на САД за умерено зголемување на цените.

Георгиева рече дека Кина, втората по големина економија во светот, најверојатно ќе порасне под или на нивото на глобалниот економски раст за прв пат во последните 40 години. Економијата во Кина е под притисок од порастот на бројот на случаи на Ковид 19 по укинувањето на строгите мерки и напуштањето на „нулта ковид“ политиката.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Фото – Picryl

Сподели!
- Advertisement -