САД ја одобри првата вакцина во светот за заштита на пчелите

- Advertisement -

Соединетите Американски Држави е првата држава во светот која одобри вакцина за заштита на пчелите од американскиот гнилец, бактерија која ги слабее пчелните колонии напаѓајќи ги нивните ларви, пренесува Данас.

Оваа недела, американското Министерство за земјоделство (УСДА) ѝ даде условно одобрение на биотехнолошката компанија „Далан Анимал Хелт“ за употреба на вакцината. Пчелите, како клучни опрашувачи, играат важна улога во екосистемот.

- Advertisement -

Директорката на компанијата Анет Клајзер посочи дека вакцината може да биде пресвртница во заштитата на медоносните пчели.

Вакцината делува така што вбризгува неактивни бактерии во матичниот млеч кој ја храни матицата, чии ларви на тој начин стекнуваат имунитет. Според УСДА, пчелните колонии исчезнуваат секоја година од 2006 година.

- Advertisement -

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, опрашувачите како што се пчелите, птиците и лилјаците се одговорни за една третина од светските земјоделски култури.

Американскиот гнилец е голем предизвик за пчеларите, бидејќи е многу заразна болест и за неа нема лек. Единствениот начин за борба против него е да се запалат заразените пчелни колонии заедно со кошниците и опремата и да се третираат колониите со антибиотици. „Далан анимал хелт“ очекува вакцините да бидат во продажба оваа година.

- Advertisement -

Радио МОФ

Фото – Pikist

Сподели!
- Advertisement -