McDonald’s ќе ги отстрани адитивите од сендвичите

- Advertisement -

McDonald’s повеќе нема да користи вештачки адитиви во своите сендвичи, објави компанијата пред неколку дена. Глобалниот синџир за брза храна настојува да привлече потрошувачи кои се грижат за здравата исхрана.

Потегот со кој од своите седум класични сендвичи, меѓу кои хамбургерот, чизбургерот, дуплиот чизбургер и Big Mac, ќе ги исфрли адитивите и не е толку ненадеен. Како што велат од компанијата, промената се однесува на секој дел од сендвичите – од лебчето до кашкавалите и сосовите. Тоа особено се однесува на Big Mac, од кој ќе бидат исфрлени три адитиви без да се промени препознатливиот вкус.

- Advertisement -

Но, киселите краставички сепак ќе ги задржат вештачките конзерванси. „Оваа одлука ја покажува нашата посветеност во однос на потрошувачите и желбата да направиме подобар McDonald’s“, велат од компанијата.

Причината зад овој потег на синџирот за брза храна не треба да се бара само во желбите, туку и во потезите на конкуренцијата. Имено, уште претходно на отстранување на адитивите од храната се обврзаа синџирите Taco Bell, Subway и Panera Bread, додека McDonald’s досега ги отстрани вештачките конзерванси само од McNuggets.

- Advertisement -

Претходно годинава компанијата се откажа од користење на смрзнато говедско месо за сендвичот Quarter Pounder и додаде неколку здрави опции во менито за Happy Meal, како што е млекото.

Сподели!
- Advertisement -