Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

- Advertisement -

За уште подобро корисничко искуство – Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности.

- Advertisement -

Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски потреби.

Новите функционалности на мобилната апликација, покрај стандардните услуги, вклучуваат и:

- Advertisement -
  • Биометриска автентикација – логирање со отпечаток на прст
  • Буџетски плаќања – можност за едноставно и лесно електронско плаќање кон буџетски корисници
  • Send to friend – Трансфер на средства кон контакт
  • Преглед на бизнис картички – новитет кој овозможува целосна евиденција и управување со бизнис картички во секое време и од секое место
  • Можност за промена на ПИН на платежната картичка
  • Поштенско сандаче за праќање на пораки кон Банката – полесен и побрз начин до онлајн експозитурата на банката
  • Поставување на дневен лимит за плаќања

Мобилното банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.

Како прва и единствена целосно дигитална банка, ПроКредит континуирано развива нови дигитални банкарски услуги со цел да го унапреди корисничкото искуство за своите клиенти, кои веќе ги користат предностите на дигиталните експозитури.

- Advertisement -

Дознајте повеќе за мобилната апликација на ПроКредит на следниот линк: https://www.pcb.mk/mobilna-aplikacija.nspx

Сподели!
- Advertisement -