Изумирањето на опрашувачите предизвикува половина милион предвремени смртни случаи

- Advertisement -

Светската загуба на опрашувачите веќе предизвикува околу половина милион предвремени смртни случаи годишно преку намалување на здравата храна, проценува нова научна студија.

Три четвртини од растенијата преку кои се добива храна зависат од опрашување, но популациите на многу инсекти се во драстичен пад. Несоодветното опрашување кое е резултат на ова предизвикува 3 до 5 проценти загуба во производството на овошје, зеленчук и јаткасти плодови, покажува истражувањето. Пониската консумација на оваа храна значи дека околу 1% од сите смртни случаи може да се припише на изумурањето на опрашувачите, сметаат научниците.

- Advertisement -

Тие во студијата ги разгледувале смртните случаи од срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес и некои ракови, кои можат да се намалат со поздрав начин на исхрана. Ова истражување е прво кое става бројка врз човечкото здравје од недоволното опрашувачи во дивината.

Истражувањето се заснова на податоци од стотици фарми низ светот, информации за земјоделските приноси и здравствените ризици поврзани со исхраната, заедно со компјутерски модел кој ја следи глобалната трговија со храна.

- Advertisement -

„Критичниот фактор кој недостасува во дискусијата за биодиверзитетот е недостатокот на директни врски со човековото здравје. Ова истражување укажува дека загубата на опрашувачите веќе влијае на здравјето на ниво со некои други глобални здравствни фактори на ризик“, објаснува д-р Самуел Миерс од Универзитетот Харвард, кој е главен автор на студијата.

„Сепак постои решение во практики кои не се штетни за опрашувачите. Тие вклучуваат зголемување на цвеќињата на фармите, намалување на користењето пестициди, особено неоникотиноидите и зачувувањето и враќањето на природните живеалишта. Кога овие нешта ќе ги проучите, се утврдува дека тие се исплаќаат самите себе низ зголемено производство“, додава Миерс.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Еколошки здравствени перспективи и открива дека недоволното опрашување е одговорно за четвртина во разликата помеѓу големи и мали земјоделски приноси.

Научниците откриле дека најголемото влијание е во земјите во развој, како Кина, Индија, Русија и Индонезија, каде срцевите заболувања, мозочните удари и канцерите биле веќе поизразени поради слабата исхрана и ниските нивоа на физичка активност. Во побогатите држави, повеќе луѓе можат да дозволат поздрава исхрана, дури и кога цените на храната се подигаат поради ниското производство, но и во овие држави оние кои се посиромашни би имале последици.

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -