Париз ќе претвори една третина од зелените површини во урбани фарми

- Advertisement -

Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, беше избрана во 2014 година со намера да го подобри зеленилото во градот како дел од нејзината платформа. Според пишувањата во медиумите, Хидалго ги реализираше своите иницијативи и јавните претпријатија излегоа во пресрет на предизвикот да го збогатат Париз со биодиверзитет. Во 2016 година нејзината администрација ја лансираше кампањата Parisculteurs, која има за цел да покрие околу 1 км2 покриви со зеленило до 2020 година.

Една третина од тие зелени површини ќе бидат претворени во урбани фарми, пренесува GreenMatters. Досега 74 организации потпишаа договори за соработка со градот. Градот веќе има одобрено 75 проекти, за кои е проценето дека ќе произведат повеќе од 500 тони вегетација.

- Advertisement -

Заменик-градоначалничката на Париз, Пенелоп Комит, е одговорна за сите паркови и зеленила во градот. Таа мисли дека Parisculteurs ќе послужи како иновативен модел за други градови кои сакаат во урбаните пејзажи да внесат повеќе природа.

„Париз не само што има намера да произведува овошје и зеленчук, туку планира и да изуми нов урбан модел. Граѓаните сакаат нови начини да се вклучат во оваа иновација на градот и самите да бидат градинари. Пред 3 години луѓето се смееја на мојот план. Денес граѓаните ги користат покривите и подрумите за да произведуваат храна. Исто така, побаравме од повеќе градови во светот да го применат нашиот пристап и веќе има успешни приказни“, изјави Комит за CNN. 

- Advertisement -

Да го земеме за пример проектот La Chambeaudie Farm на земјоделскиот стартап Aéromate. Оваа фарма со површина од околу 500 квадратни местри се наоѓа на покривот на медицински центар во сопственост на Paris Metro. La Chambeaudie стартуваше веднаш по најавата на Parisculteurs во 2016 година, а сега таму се одгледуваат повеќе од 40 различни растенија и тревки со помош на хидропонски систем кој користи вода збогатена со хранливи состојки и не зависи од почвата. На Aéromate му е одобрена втора фарма, која ја градат на покривот на зграда од групација за недвижности, а работат на плановите за трета фарма на покривот на Училиштето за применети уметности Дипере.

Досега Парижани се навистина доста заинтересирани да учествуваат во разеленувањето на градот. Урбаното земјоделство е огромна можност за Париз и придонесува за биодиверзитетот и борбата против климатските промени“, вели Комит.

- Advertisement -

Исто така, тоа значи отворање нови работни места. Според Комит, Parisculteurs досега има креирано 120 работни места. Со оглед на можностите во рамките на проектот и ентузијазмот за проектот, 2020 година е навистина скромна цел за Париз да стане зелен.

Сподели!
- Advertisement -