Ако нешто ни покажаа последните неколку години, тоа е дека многу работи може радикално да се променат во релативно краток временски период. Точно една година од сега, сите настани од 2023 година ќе ви изгледаат како нешто далечно и одамна поминато.
Поаѓајќи од таквата претпоставка, платформата за стриминг на аудио содржини Spotify бара од своите корисници да ги стават нивните актуелни музички емоции во дигитална временска капсула која што ќе може да ја отворат дури во следната 2024 година, не долго откако корисниците ќе го добијат својот уникатен „преглед на годината“ во форма на Spotify Wrapped.
Новото корисничко искуство, насловено “Playlist in a Bottle” („Плејлиста во шише“), ќе долови до каде се наоѓаат корисниците на нивното музичко и животно патешествие во моментов, овозможувајќи повторно навраќање кон таа верзија од себе една година подоцна.
За да започнат да ги собираат своите аудио-спомени, корисниците треба да ја посетат интернет-врската timecapsule.spotify.com преку нивниот мобилен уред. Тука ќе можат да ја изберет временската капсула што најдобро ја одразува нивната личност, без разлика дали е тоа шише, плишано мече, вендинг-машина, кутија за ручек или џеб од фармерки.
Корисниците потоа ќе треба да одговорат на неколку лични прашања поврзани со музика, како на пример „песна на која ќе бакнете некого оваа година“ или „песна што ве потсетува на вашата омилена личност“.
Нивната персонализирана временска капсула потоа ќе биде генерирана и „заклучена“, за повторно да биде отворена во јануари 2024 година.
Корисничкото искуство „Плејлиста во шише“ ќе биде достапно на 27 светски пазари, и тоа: САД, Обединетото Кралство, Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Чешка, Данска, Египет, Франција, Германија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Мароко, Нов Зеланд, Филипини, Полска, Португалија, Саудиска Арабија, Шпанија, Шведска, Турција и Обединетите Арапски Емирати.
Услугата за генерирање на „музичка временска капсула“ на Spotify ќе биде достапна до 31 јануари годинава.
Извор- Маркетинг 365