Ако ви се чини дека во последно време потешко се забележуват ѕвезди на ноќното небо, не сте единствени. Истото го забележал тим од истражувачи кој го аналзиирал тоа што го забележале граѓани ширум светот.
После 12 години анализи, објавија студија во списанието Science, во која открија дека ѕвездите полека исчезнуваат од небото. Поточно, во последните 12 години небото станува се поосветлено и тоа со стапка од 9,6% секоја година, односно небото е дупло посветло секои осум години.
Во позадината на ова осветлување е загадувањето со светлина, кое спречува благата светлина од ѕвездите да допре до Земјата. Истражувачите велат дека проблемот со загадувањето со светлина не е ништо ново, но аларманта е стапката со која се влошува.
Ако досега на некое подраќје сме можеле да видиме 250 ѕвезди, за 12 години тој број би се намалил на само 100 видливи ѕвезди, предупредуваат научниците во својот труд.
Тие велат дека мерењето на осветлувањето на небото, а со тоа и и вкупната видливот на ѕвездите на небо е многу тешка задача. Пред се, за мерење често се користат сателити кои се во земјината орбита, а кои имаат значајно поинаков поглед во однос на човекот на Земјата. За да се обидат да измерат што точно може да се види од Земјата, истражувачите побарале помош од обичните граѓани.
Над 50.000 луѓе ширум светот се приклучиле на проектот „Globe at Night” и пријавувале она што го гледаат. Со анализа на тие изјави било откриено дека главниот виновник за тоа што гледаме се помалку ѕвезди е ЛЕД осветлувањето, кое во изминатите 12 години стана главен извор на светлина во целиот свет.
Предупредуваат дека тоа не влијае само на тоа како ги гледаме ѕвездите, туку и на целиот екосистем. Имено, некои претходни студии покажаа дека посветлото ноќно небо влијае на билките, животните и на нивната меѓусебна интеракција. Докажани се и физиолошки промени кај рибите поради се посветлото небо.
(EuroNews)
(фото: Raw Pixel)