8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Револуционерно достигнување – џиновски змеј влечеше брод од 21.000 тони по Атлантикот

Kabtel desktop

Францускиот стартап Airseas успешно тестираше џиновски змеј за влечење на карго брод по Атлантскиот Океан. Ова е многу значајно достигнување во броската индустрија. Seawing, змејот со површина од околу 250 квадратни метри, по прв пат минатиот месец беше тестиран на карго бродот Ville de Bordeaux, тежок 21.528 тони.

„Горди сме што имаме решение кое ќе помогне а се намали емисијата на гасови од бродовите и да се забрза декарбонизацијата на морскиот сектор во текот на наредните години“ вели Венсан Бернатет, извршен директор на Airseas.

Компанијата веќе привлече повеќе големи бродски компании и постави некои системи за пропулзија Seawing на големи бродови-носачи. Оттаму потврдија дека иснталирале Seawing систем на бродови од компанијата Kawasaki Kisen Kaisha. Системот бил инсталиран на бродот Capesize во декември минатата година. Ова е првиот од вкупно пет K Line бродови на кои ќе биде поставен системот Seawing, со опција тој број да се зголеми на дури 51 брод.

Вториот брод на кој ќе биде поставен Seawing ќе биде носачот кој ќе биде изграден во бродоградилиштето Nihon Shipyard. Инсталацијата ќе започне кога бродот ќе биде готов во 2024 година.

Интегрираното решение Seawing е комбинација од технологија за змејови и автоматизиран систем за контрола на летање креиран да ја користи енергијата од ветрот. Системот е безбеден, чист, ефикасен и компактен и лесно може да се имплементира на речиси секој комерцијален брод и може да ја намали потрошувачката на гриво за 20%, тврдат од компанијата,

(Interesting Engineering)

(фото: Airseas)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!