ВИДЕО: Електрична гитара од 1.000 рециклирани лименки

- Advertisement -

Рециклирањето лименки од алуминиум вообичаено не е нешто што се прави дома, но ако имате волја, трпение и доста слободно време, можете од нив да направите вистинска електрична гитара. Тоа го докажа јутјуберот Burlls Art, кој досега правеше гитари од хартија, карбонски влакна, па дури и од пенкала.

За да ги стопи лименките тој направил сопствена печка за топење и птоа внимателно додавал лименка по лименка. Течниот алуминиум потоа го истурал во калап за да го добие вратот и телото од гитарата, а со малку брусење и доработка добил елементи кои ги споил во еден инструмент,

- Advertisement -

Ова сигурно не е проект за секого, но Burlls Art за својот труд беше награден со над 2,7 милиони прегледи, па веруваме дека ќе се најдат ентузијасти кои ќе се обидат да го реплицираат.

Од видеото во прилог погледнете како изгледало сето тоа.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -