Реге Џин Пејџ, кој го глумеше Сајмон Басет во првата сезона на серијата Bridgerton на Netflix, и официјално е најубавиот маж во светот. Естетскиот хирург за лице д-р Џулијан Де Силва ги претстави резултатите според т.н. златен пресек во математика, кој прв пат го забележале Пигаторејците во Античка Грција и го примениле на физичката убавина.
Пејџ бил очигледен победник – неговото лице има 93,65% прецизност во однос на златниот пресек. На второ место е Крис Хемсворт со 93,53%, додека на трето место е Мајкл Б. Џордан со 93,46%.
„Реге победи поради своето класично убаво лице и преубавите кафеави очи. Имаше најдобар резултат за раастојанието меѓу очите, а положбата на очите исто така беше оценета со висока оценка. Неговите совршено обликувани усни исто таа беа високо оценети и единствената оценка која беше пониска беше ширината и должината на носот“ вели Де Силва за Пејџ, а пренесува Daily Mail.
Резултатите се базираат на компјутерско мапирање, кое ја мери физичката совршеност врз база на златниот пресек. Оваа целосно нова техника на компјутерско мапирање ни овозможува да решиме некои од миестериите за тоа што го прави некој физички убав и технологијата е корисна за планирање операции кај пациенти, вели Де Силва.
Прво се мери должината и ширината на лицето. Кога ќе се направи тоа, должината се дели со ширината. За идеален резултат се смета однос кој треба да биде 1,6. Тоа значи дека лицето на многу убавите луѓе е околу 1 ½ пати подолго отколку што е широко.
Направени се уште три мерења: од линијата на косата до делот меѓу очите, од делот меѓу очите до носот и од носот до дното на брадата. Колку поизедначени се тие делови, толку е посовршено лицето.
(Bizlife)
(фото: Facebook)