На 72 светлосни години од нас забележана планета исто голема колку Земјата

- Advertisement -

Астрономи открија егзопланета со речиси иста големина како Земјата, која кружи околу минијатурни ѕвезди во нашето не толку далечно соседство, односно на оддалеченост од 72 светлосни години. Станува збор за егзопланетата K2-415b, а сличностите и разликите со Земјата може да разјаснат како планетите слични на Земјата се формираат и се развиваат на слични начини во планетарни системи кои се разликуваат од нашиот Сончев систем.

Бидејќи една од ѕвездите има најмала маса за која се знае дека има транзитна планета со големина слична на Земјата, K2-415 ќе биде интересна мета за понатамошни анализи, вклучувајќи и следење на радијалната брзина и транзитна спектроскопија, пишуваат авторите на новото истражување.

- Advertisement -

Станува збор за меѓународен тим од астрономи предводени од Теријуки Хирано од Астробиолошкиот центар во Јапонија, а нивното истражување е објавено во списанието The Astronomical Journa.

Бидејќи Земјата е единственото место во вселената за кое со сигурност знаеме дека има живот, една од алатките кои можат да помогнат да се најдат одговори е популацијата на егзопланети слични на Земјата по големина, состав, температура, маса и можеби и архитектура на планетарен систем.

- Advertisement -

Најдобра популација на егзпланети за почеток на ова истражување се малите светови со големина на Земјата кои кружат околу мали ѕвезди релативно блиску. Тоа ги прави најдобри кандидати за карактеризирање на нивната атмосфера. Додека егозпланетите поминуваат пред ѕвездите дел од светлината на тие ѕвезди поминува низ атмосферата, а некои бранови должини во спектарот апсорбираат или ги зајакнуваат елементите во атмосферата.

Егзопланетата K2-415b има 1,015 пати поголем радиус од Земјата. Кружи околу една од најмалите црвени џуџиња за кои е утврдено дека се домови на светотви со големина на Земјата. Ѕвездата K2-415 има 16% од масата на Сонцето. Понпрв пат е забележана во 2017 година во податоците на телескопот Kepler, а се појавува и во податоците на наследникот на Kepler, TESЅ.

- Advertisement -

(SCience Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -