Бивши вработени во Teslа откриваат како е да се работи за ексцентричниот Илон Маск

- Advertisement -

Директорот на Teslа, Илон Маск, е уникатна личност. Годинава тој беше прогласен за наинспиративен лидер во технолошката индустрија и испадна од листата со 100 најдобри генерални директори на Glassdoor, која е засновата на повратни информации од вработените.
Девет поранешни вработени во Teslа, кои или работеле со Илон Маск или во повеќе наврати комуницирале со него, ги споделија своите впечатоци за него. Осум од нив побарале анонимност поради страв од одмазда на овој производител на електрични автомобили. Еве што велат тие.
Двајца од поранешните вработени изјавиле дека луѓето не смеат да му кажат на Маск дека не се сложуваат со него. „Поради притисокот кој го врши на целиот извршен тим, неговиот тим од повисокот раководство, иако имаат искуство, не би се осудиле да зборуваат против него“ вели еден од вработените.
Повеќе вработени кои работеле или комуницирале со него велат дека е многу интелигентен. „Многу е интелигентен. Секогаш е 10 чекори пред нас. За да бидете успешни, мора да размислувате 10 пати похрабро од него“ вели еден од неговите бивши менаџери. Тој додава дека ако на Маск му се допадне нечија идеја, нема да се двоуми да ја спроведе на дело.
Еден од поранешните раководители вели дека во 90% од случаите не се сложувал со Маск, но подоцна сфатил дека, всушност, Маск секогаш бил во право. „Се чувствувам како да сега да сум 10 пати попаметен откога кога првпат се вработив во компанијата“ вели тој.
Двајца бивши вработени велат дека Маск нема да се двоуми да ги промени приоритетите на тимот ако му биде интересна некоја објава на некој корисник на социјалните мрежи. „Она што го поттикнува да делува и да носи одлуки е врзано за она што го чита на социјалните мрежи“ вели еден од вработените.
Тројца поранешни вработени на позицијата на постари менаџери велат дека Маск на својот тим од повисокото раководство не му давал целосна автономија во носењето одлуки. „Мислам дека нивото на автономија кое го имаат вработените е еднакво на нула“ вели еден од нив. „Во Teslа имаше само еден човек кој носеше одлуки, а тоа е Илон Маск“ вели друг вработен.
Поранешен инженер за производство вели дека Маск има многу високи стандарди, што некогаш доведувало до тоа некоја завршена работа да се почне одново. „Tesla е рај за инженери каде што пенкалото никогаш не одмора“ вели инженерот.
Бивш менаџер од компанијата вели дека Маск знае да постави нереални цели без никаков реален план како да ги оствари. „Тоа е култура во која ако немате решение на некој проблем и ако тој проблем не го решите во рок од неколку дена или недела-две, нема да ве има повеќе. Затоа е подобро да ја држите устата затворена“ вели бившиот менаџер.
„Маск мисли далеку надвор од вообичаеното“ вели Мичел Стивенс, бивш инженер за производство, кој во Teslа работел од 2010 до 2012 година. Стивенс вели дека кога го запознал Маск, директорот на Tesla го прашал него и група негови колеги што гледаат кога ќе видат некоја лименка. Според тоа што го вели Стивенс, Маск рекол дека тој гледа вселенски брод ако ја зголемите величината на лименката.
Поранешен раководител инженер, пак, изјавил дека Маск е енергичен и додал дека неговата енергија е „многу заразна“.

Сподели!
- Advertisement -