Швајцарија постави 5.000 соларни панели на највисоката брана во Европа

- Advertisement -

Во склоп на проектот AlpinSolar успешно беа поставени 5.000 соларни панели на браната која се наоѓа на езерото Матсе во Швајцарија. Браната се наоѓа на 2.500 метри надморска висина, што значи дека е највисока во Еврпа, а вече почна производството на енергија.

Со проектите како AlpinSolar, кој е заеднички труд на три компании, Швајцарија ја почнува својата голема транзиција од нуклеарна кон зелена енергија, како што и беше планирано уште во 2011 година. Швајцарија претходно направи масивна водена батерија со помош на која ќе се снабдува со обновлива енергија.

- Advertisement -

Највисоката брана во Европа се наоѓа во кантонот Гларус, а е опкружена со врвови покриени со снег. Целта на проектот е производство на 3,3 милиони килвати енергија годишно, што е доволно за снабдување на 700 домаќинства. На ѕидовите на браната се поставени 5.000 соларни панели, чија ширина е околу 1км, а се дизајнирани за создавање 2,2 MW електрична енергија.

Енергетската компанија Axpo, која учествувала во заедничкиот проект, користела двослојни стаклени соларни модули произведени од швајцарската компанија кои можат да го поднесат оптоварувањето од снегот кој се очекува во швајцарските Алпи.

- Advertisement -

Иако поставувањето соларни панели на Алпите може да изгледа контраинтуитивно, од Axpo очекуваат дека тие таму ќе работат подобро во воие региони, особено во текот на зимата. Причината за тоа е разликата од ниските надморски височини во кои доминира магла во зимските месеци, додека на големите висини во Швајцарија свети сонце. Дополнителна предност е што белиот снег ја рефлектира сончевата светлина на соларните панели, што исто така создава поголема енергија при ниски температури. RНа тој начин се очекува производство на трипати повеќе енергија во зимските месеци февруари и март во однос на остатокот од годината.

Но наредните години планирана е изградба на 4.200 соларни проекти во ниските и во планинските региони на Швајцарија. Минатата година владата на Швајцарија го измени Законот за енергија за да овозможи брзо одобрување на новите соларни електрани.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -