US News & World Report ја објави 13-тата годишна ранг-листа со најдобри хотели за патниците. Рангирањето е базирано на три фактори: бројот на награди добиени од туристичката индустрија, оценките за хотелите во ѕвездички и рецензиите на гостите од веб-страницата за патување Tripadvisor.
Поголема тежина е дадена на оние кои добиле високо селективни награди, како и на оние со повеќе рецензии од патнциите, се вели во соопштението за јавност. Тоа на новите хотели им го отежнува пробивањето во горните рангови на годишната листа.
Извештајот ги рангира само луксузните хотели и одморалишта, кои US News ги дефинира како тие што имаат од 4 до 5 ѕвезди, иако сега вклучува и избрани хотели со 3,5 ѕвезди, соопшти компанијата. За да се земат предвид хотелите мора да имаат најмалку 20 соби, се вели во соопштението на US News & World Report.
Најдобро рангираните хотели во Европа се:
Waldorf Astoria Amsterdam во Амстердам, Холандија
Grand Hotel Tremezzo во Тремецо, Италија
La Reserve Paris Hotel and Spa во Париз, Франција
The Goring во Лондон, Обединето Кралство
The Connaught во Лондон, Обединето Кралство
Минатогодишниот хотел број 1, Le Bristol Paris, годинава се наоѓа на 6. место.
Waldorf Astoria Amsterdam по прв пат го зазема првото место во Европа. Се состои од шест вили покрај каналите и има ресторан со две Мишелин ѕвезди кој е специјализиран за вегетаријанска исхрана. Европскиот хотел број 2 гледа на познатото езеро Комо во Италија.
U.S. News & World Ranking ги рангира хотелите во 39 европски земји од Албанија до Велс.
(Bizlife)
(фото: Hilton)