Грантови до 10 илјади евра за производителите на домашен ајвар, сирење, џемови и слатка и вино

- Advertisement -

Сите кои произведуваат домашен ајвар, сирење, џемови и слатка и вино а се регистрирани во агенцијата за храна и ветеринарство ќе може да добијат грант за набавка на нова опрема во висина од 10 илјади евра.

На вчерашната владина седница владата усвоила неколку програми со кои се подржуваат малите производители на храна кои имаат легални и контролирани производи за на пазарот.

- Advertisement -

Покрај поддршката за производи од растителното и животинско потекло продолжуваат годинава грантовите за мали семејни винарии а новина е од оваа година за прв пат и поддршката на мали дестилерии за производство на домашна ракија со грантови од 5 илјади евра за опрема.

Со овие поддршки освен намалуавње на невработеноста, зголемување на понудата од домашни производи направени по традиционални рецепти ќе се обезбеди и сигурност на потрошувачите дека тоа што ќе го купат е конторлирано и безбедно.

Сподели!
- Advertisement -