Најдобрата маркетинг агенција од регионот од натпреварот BalCannes ќе оди во Кан

- Advertisement -

Сите агенции за пазарно комуницирање од регионот се повикани до 1 септември 2018 година да ги пријават своите проекти на BalCannes кој и оваа година ќе се одржи во Ровињ во склоп на Weekend Media Festival. На седмото издание на BalCannes, организирано од Хрватското здружение за пазарно комуницирање (HURA) и Weekend Media, ќе бидат избрани 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион.

Најдобриот меѓу нив ќе добие специјална награда од жирито, BalCannes лав, додека најдобрата агенција во регионот ја очекува специјална награда – натпреварување на Меѓународниот фестивал на креативноста во Cannes Lions 2019! Oрганизаторите на BalCannes ќе ги и` покријат трошоците на најдобрата агенција за поднесување на еден проект на натпреварувањето во Cannes Lions во 2019 година.

- Advertisement -

За наградите ќе одлучува жири од 25 експерти, претставници на клиенти, агенции и новинари од неколку земји во регионот. Интересно е тоа што BalCannes е ретка можност на која натпреварувачите од прва рака можат да дознаат како за нивните проекти посебно размислува секој од трите состави на жирито – клиентите, агенциите и медиумите.

На BalCannes ќе се натпреваруваат мали проекти или големи проекти, но исто така и домашни проекти, односно оние кои се креирани за странските пазари, на кои BalCannes им доделува награда за најдобар комуникациски проект креиран за странски пазар, како и за најдобар проект реализиран на регионалниот пазар.

- Advertisement -

Одлични вести за сите кои сакаат да аплицираат се и посебните опции 4 + 1 гратис и 7 + 3 гратис. Оваа година за првите четири проекти поднесени од истата агенција, петтиот проект може да се пријави бесплатно, а за првите седум проекти поднесени од страна на иста агенција, дополнителните три се бесплатни. Апликациите за BalCannes се достапни на интернет на www.balcannes.com.

Единаесеттиот Weekend Media Festival оваа година ќе се одржи од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни расправи, фестивалот е познат и по најдобрите забави. И оваа година се очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.

Сподели!
- Advertisement -