Каде е сега автомобилот кој Илон Маск го испрати во вселената пред 5 години?

- Advertisement -

На 6 февруари 2018 година компанијата SpaceX, на чие чело е милијардерот Илон Маск, испрати во вселената автомобил Tesla Roadster во кој седи кукла облечена како астронаут. Ако суровиот космос не ги уништил досега, што мислите, каде се сега тие, 5 години после лансирањето?

Одговорот ќе ве остави без збор. Во 2018 година SpaceX штотуку почнуваше со работата со вселенски летала, но ракетата Falcon Heavy веќе беше тестирана и функционираше, а им требаше товар со кој ќе ја испробаат навистина. За тоа ја го искористија автомобилот и куклата Starman.

- Advertisement -

Маск сега признава дека во тоа време се прогнозирал 50% успех на оваа мисија, но лансирањето помина без никакви проблеми и Roadster и Starman го почнаа својот пат околу Сонцето.

Според страницата whereisroadster.com, која го следи автомобилот од лансирањето, Roadster патува по доглнавеста орбита која во најблиската точка доаѓа до орбитата на Земјата, а во најдалечната оди до орбитата на Марс.

- Advertisement -

Всушност, на петгодишнината од лансирањето во понеделникот Roadster ја пресече орбитата на Марс. Сепак, Црвената планета беше на другата страна на Сонцето. Според НАСА, до 2035 година автомобилот и куклата ќе дојдат до Марс, а во 2047 и 2050 година пак ќе се приближат до Земјата.

Истражувачите се обидоа да проценат и која е веројатноста автомобилот да се судри со Земјата. Во студијата која ја објавија се вели дека има 22% шанси тоа да се случи во наредните 15 милиони години. Поверојатно е дека поради триењето со атмосферата во вселената ќе согори или дотогаш човештвото ќе има откриено други начини да спречи таков судир.

- Advertisement -

Досега Roadster има поминато над 4 милијарди км, што е 70.000 пати повеќе отколку што од Tesla гарантираа дека ќе помине. Тоа растојание е исто како сите патишта на Земјата да се поминат 63 пати, се вели на страницата која го следи автомобилот.

За жал, SpaceX не постави камери на автомобилот кои можат да емитуваат што се гледа додека лебди. Затоа, за да можеме од Земјата да го видиме автмобилот ќе мора да изградиме телескоп со дијаметар од 14.640 метри. Можеби тоа ќе биде наредниот проект на SpaceX.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -