Една од последните студии утврди дека дрвјата во градовите навистина ги спасуваат животите на луѓето. Истражувањето, кое е објавено во списанието Lancet, утврдило дека со садење повеќе дрвја во европските градови можела да се намали стапката на смртност за дури 40%. Студијата опфатила 93 градови каде што има само 15% стебла.
Утврдено било дека просечната температура може да се намали за 0,4 степени Целзиусови со зголемување на покриеноста со стебла за 30%. Земајќи ги предвид податоците од 2015 година, кога последен пат биле достапни сите податоци, се проценува дека со тоа можела да се спречи смртта на 2.544 лица.
Високите температури може да предизвикаат ефект на усвитен урбан остров ако во градовите нема доволно зелени површини. Ова се случува кога асфалтот, железото и бетонот ја апсорбираат и ја одржуваат топлината.
Било констатирано дека овој проблем е најизразен на југот и на истокот од Европа. Температурата на Стариот континент во 2015 година била во просек повисока за 1,5 степени. Во романскиот град Цлуј-Напока, чија покриеност со дрвја изнесува само 7%, температурата била повисока за 7 степени во однос на околната средина.
Според податоците на ОН, во градовите до 2050 година би требало да живеат 2,5 милијарди луѓе. Ефектот на усвитен урбан остров ќе биде уште поизразен поради користењето фосилни горива.
Лондон и Барселона се меѓу градовите кои имаат за цел 30% од својата површина да ја прекријат со стебла.
(Klix.ba)
(фото: Pxfuel)