Се гради најголемата вертикална фарма во Европа

- Advertisement -

Првата фаза од изградбата на новата вертикална фарма Nordic Harvest беше завршена после шест месеци работа. Кога ќе биде готова, фармата која се наоѓа во Копенхаген, Данска, ќе биде најголемата вертикална фарма во Европа со 14 ката и површина од 7.000 квадратни метри.

Технологијата која се користи на фармата е на компанијата YesHealth Group, која управува со вертикални фарми во Азија и во Европа. Nordic Harvest ќе содржи роботика, хидропоника и ќе има повеќе од 20.000 ЛЕД светилки. Вертикалната фарма ќе има и паметен софтвер за процесирање на над 5.000 индивидуални дата точки кои се интегрирани во дизајнот на Nordic Harvest.

- Advertisement -

Изградбата на проектот почна во април 2020 година, а е партнерство меѓу YesHealth Group и Nordic Harvest. Производството треба да почне во првата половина од 2021 година. Финансиските проекции се базирани на скалабилен модел, а се очекува профит уште во првата година. Вертикалната фарма ќе се прошири од 200 метрички тони капацитет во првата половина од 2021 година на 1.000 метрички тони годишен капацитет до четвртиот квартал од годинава.

Со комбинирање на технологијата која YesHealth Group ја развивала цела една декада. Новата вертикална фарма ќе и овозможи на YesHealth Group да собира реални податоци за уникатната клима и животна средина во Копенхаген со цел да ја подобри брзината на одгледување и ефикасноста на фармата.

- Advertisement -

Ова е многу битен чекор за нашата експанзија во Европа и е во склад со нашиот план за глобална експанзија, кој е внимателно мапиран за наредните неколку години. YesHealth Group има технологија која е лидер во оваа индустрија и оперативен know-how. Сега селектираме повеќе регионални партнери со експертиза за локалните пазари како што е Nordic Harvest” велат од YesHealth Group.

Проектот е битен чекор и за потенцијалната изградба на повеќе вертикални фарми чии системи кои можат да произведуваат безбедна, висококвалитетна храна со трошење помалку ресурси.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Nordic Harvest screenshot)

Сподели!
- Advertisement -