ЕУ подготвува дигитален здравствен пасош

- Advertisement -

На пленарна седница Европскиот одбор за региони расправаше за дигитален здравствен пасош за ЕУ. Поради слободно движење на луѓето ширум Европската унија потребно е да се овозможи и слободно движење на нивните здравствени податоци. За да се олесни размената на такви податоци целта е граѓаните да можат да пристапат до своите здравствени податоци во електронски формат, кој може да се препознае и да се профати во целата унија.

Со тоа се забрзува дигитализацијата на здравствениот систем во ЕУ, кој ќе мора да го имплементираат сите држави-членки. Корист од дигитализацијата на здравствениот систем во ЕУ ќе имаат првенствено граѓаните, но и истражувачите, иноваторите и надлежните тела кои ги креираат здравствените политики.

- Advertisement -

Европската комисија во мај минатата година го претстави законодавниот предлог за дигитален здравствен пасош во ЕУ, а моментално е на потег Европскиот парламент. Дигиталниот здравствен пасош би функционирал како добро познатите КОВИД потврди, а на граѓаните би им овозможил во секој момент да пристапат до своите здравствени податоци, односно да ги споделат со доктори во која било држава-членка.

Благодарение на таквиот пасош секој граѓанин самостојно ќе може да пристапи до своите здравствени податоци во електронска форма и тоа целосно бесплатно, било преку компјутер или мобилен телефон. Ќе можат и да додаваат податоци, да поправаат грешки, да го ограничат пристапот на здравствените работници до податоците, но и да добијат информации за тоа со која цел се користат тие податоци.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -