Преминот на обновливи извори на енергија како ветрот или сонцето е клучен за справување со глобалното затоплување. Технологијата Vehicle to grid (V2G), која моментално се развива, ќе овозможи електричните автомобили да се полнат кога има многу електрична енергија на располагање и повторно да ја враќаат таа енергија во мрежата преку истиот терминал кога ќе падне количината енергија во мрежата.
Со зголемувањето на бројот на електрични автомобили и потребите за складирање енергија би можеле да се задоволат до 2030 година во најголем дел од земјите во светот, вели истражувачот Ченгџиан Ксуа од Универзитетот Лајден во Холандија.
Батериите би можеле да понудат капацитет од 32 до 62 теравати до 2050 година, што е повеќе од потребите за складирање кои ги проценува Меѓународната агенција за обновлива енергија. Оваа пресметка вклучува и повторна употребана драгоцените истрошени батерии, кои поради 20%-30% губење на автономијата се сметаат за недоволни за автомобилите.
Со користење на автомобилите за складирање електрична енергија би се намалила потребатља за други капацитети за складирање енергија и со тоа ќе се ублажат и климатските последици врзани за опремата за складирање.
Студијата вклучува податоци за кинескиот, европскиот, американскиот и индискиот пазар и ги зема предвид факторите како различната технологија за батерии, поминатото растојание со автомобилите и просечната температура, кои влијааат на траењето на батериите.
Неколку производители на автомобили како што се Hyundai или Renault веќе тестираат возила опремени со V2G, на пример, во Утрехт. Некои возила на Teslа исто така веќе се компатибилни, како и многу домашни полначи.
Од Renault проценуваат дека во случај на изнајмување електричен автомобил, возачот и компанијата можат да поделат до 400 евра годишно ако својот автомобил го остават вклучен во струја 8 часа дневно.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)