Американската вселенска агенција НАСА успешно ја заврши демонстрацијата на својот топлотен штит LOFTID. LOFTID беше лансиран во орбитата на Земјата со помош на ракетата Atlas V на компанијата United Launch Alliance, после што беше отворен, а по тестирањата и спуштен в океан во близина на Хаваи. Целата мисија траела околу два часа.
Топлотниот штит бил лансиран заедно со другиот товар кој го носела ракетата, а тоа бил метеоролошкиот сателит Joint Polar Satellite System (JPSS), кој успешно е сместен во поларната орбита. Овој сателит ќе собира податоци за времето за Националната администрација за океани и атмосфера.
Тестирањето на LOFTID ќе овозможи идните планетарни мисии на Марс, а можеби и на други делови од нашиот соларен систем, да користат компактен и еластичен топлотен штит кој може да се расклопи пред леталото да влезе во атмосферата на планетата која ја посетува.
Технологијата користена за развојот на LOFTID ќе биде корисна и за Земјата. Научниците, всушност, го користеле истиот материјал за заштита од топлина во иззградбата на топлотниот штит кој ќе биде корисен за борба против шумските пожари.
LOFTID ја направил демонстрацијата на висина од 125 км, после што почнал да се спушта и повторно влегол во атмосферата на Земјата. Според планот на НАСА, наредната фаза е подигање на штитот од океанот, каде што слетал, и транспорт на копно.
LOFTID е дизајниран да издржи температури од 1.600 степени Целзиусови. Направен е од три слоја, односно надворешен слој од керамички влакна кој го одржува интегритетот на површината, среден слој изолатор, кој спречува пренос на топлина и внатрешен слој кој спрчува продирање на врелиот гас до структурите кои се надувуваат кога штитот е во функција.
(Klix.ba)
(фото: NASA)