Пред да се пензионира на 35-годишна возраст Стив Адкок, финансиски експерт, работел 14 години на полето на технологијата. На своите високи раководни позиции Адкок интервјуирал интервјуирал над 100 кандидати, а многу од нив не стигнале ни до вториот круг. Но, како што вели тој, да се биде добар на интервју не значи само да се добие работата на крајот. Да се знае како да се развива однос со луѓето е клучно во многу аспекти од професионалниот живот, како што се навигацијата во односите, решавањето проблеми, добивањето клиенти, јавниот настап и преговарањето за плата и покачување на плата, порачува тој.
Врз основа на неговото искуство, 90% од успехот се сведува на интервјуа за работа и колку ќе испаднете способни на нив, а за жал, најголем дел од младите луѓе се ужасни во тоа.
Еве кои се петте правила на Стив да го направите тоа како треба и едноставно да забелскате на интервју за работа.
- Никогаш не може да бидете премногу свечено облечени
„Сум видел луѓе кои на интервју доаѓаат во фармерки и маица, додека јас седам спротив нив со кошул закопчена до гуша. Дури и ако биле квалификувани на други начини, тоа покажало лоша проценка и недостиг на почит“ вели милионерот.
Ако не сте сигурни колку треба да биде професионална вашата облека, прашајте во човечки ресурси за кодексот на облекување. Исто така, понесете пенкало и тефтер со вас за да изгледате поподготвени и организирани.
- Бидете искрени за тоа што можете да подобрите кај себе
Кога тој што ве интервјуира ќе ве праша кои се вашите слабости, она што нив ги интересира е колку сте самосвесни и какви се вашите вештини за решавање проблеми.
Најдобриот начин да одговорите е да бидете искрени кои вештини ви недостигаат и што сте направиле досега за да ги подобрите. На пример, склони сте да брзате со проектите и понекогаш пропуштате ситни детали, но почнувате да се движите со постабилно темпо и барате придонес од другите членови на тимот.
- Нагласете ги вашите уникатни вештини за решавање проблеми
„Две прашања кои секогаш ги поставував на интервју се: Кажете ми кога сте решиле вообичаен проблем користејќи неконвенционално решение? и Опишете ми кога не сте успеале во тоа. Како менаџиравте со ситуацијата?“ вели Стив.
Многумина се заглавиле на овие прашања затоа што не сакале да зборуваат за своите грешки, додава тој. „Но, не се грижев дали ќе погрешат зашто неуспехот ни помага да станеме подобри. Повеќе ме интересираше како го процениле неуспехот и закрепнале од него и како ќе го направат тоа во мојот тим“ објаснува Стив.
- Секогаш поставувајте најмалку две прашања
Никогаш не пропуштајте прилика да поставувате прашања на крајот на интервјуто. Стив вели дека секогаш ангажирал луѓе затоа што поставувале проникливи прашања, а не се брзале про побрзо да завршат со разговорот.
Најдобрите прашања покажуваат дека сакате веднаш да бидете вредни во тимот и да размислувате за раст. Еве неколку примери за такви прашања: Кој е предизвикот со кој редовно се соочувате во својата работа? Кои се најитните проекти на кои треба да се обрне внимание? Дали ќе постои можност за продолжени задачи каде што може да се научат и да се користат нови вештини? Дали компанијата нуди програми за обуки на вработените?
- Имајте интересни анегдоти за раскажување
„Еден од најдобрите покажатели дека некој одговара на мојот тим е нивната способност да раскажуваат анегдоти“ вели Стив.
Кои се вашите работни искуства кои најмногу се паметат? Можеби тоа е некој неочекуван инцидент кој ви помогнал да добиете клиенти или како сте го користеле хуморот да го спасите тимот од срамота. Најдобрите приказни се интересни, незаборавни и предизвикуваат некој вид на емоции. Добрата приказна исто така го прави роцесот на интервјуирање интересен и пријатен за сите присутни во просторијата.
(Bizlife)
(фото: Pexels)