Седум лекции кои младите претприемачи можат да ги научат од Илон Маск

- Advertisement -

Како успешен претприемач, Маск не го постигнал својот успех лесно. Пред само неколку години тој се соочуваше со проблеми како во приватниот, така и во професионалниот живот, беше со празни раце и со нула на контото на банкарската сметка.

Постојат многу лекции за успех кои можат да се научат од Илон Маск, особено лекции наменет за младите претприемачи.

1. Верувајте им на своите идеи

- Advertisement -

Првиот стартап кој го започна Илон Маск беше за веб рецензии на локали наречен Zip2, нешто слично како Yelp но во период кога Интернетот не беше толку популарен. Никој не бил заинтересиран за партнерство кога Маск заедно со својот брат се обратиле до неколку сопственици на локали, но тие верувале во својата идеја, ја развиле и на крајот ја продале на Compaq за 407 милиони долари.

Маск бил толку опседнат со својата идеја и со работата за да ја оствари, што постојано заспивал покрај своето биро во канцеларијата, па останатите инженери го буделе секое утро кога доаѓале на работа.

- Advertisement -

2. Започнете рано и бидете агресивни

Откако го започнал стартапот Zip2, Маск сѐ поинтензивно размислувал за Интернет банкарството и секојдневната негова употреба. Размислувал дури и да отвори онлајн банка која евентуално би „владеела со сите банки“. Со парите кои ги добил од продажбата на Zip2, тој започнал компанија за онлајн трансакции. Но бидејќи немал доволно познавања од областа на финансиите, тој се здружил со луѓе кои имаат солидни знаења од областа, па заедно станаа основачи на X.com што подоцна се трансформираше во PayPal.

- Advertisement -

3. Секогаш завршувајте си ја домашната задача

Според степенот на влијание кое го има извршено врз различни индустрии и сектори, после Стив Џобс, следува Илон Маск. Ќе прочитате за неколку различни бизнис обиди во неговата биографија: Zip2, PayPal, Tesla and SpaceX. Но што е причината за неговиот успех? Тој е секогаш подготвен и секогаш доаѓа со завршена домашна задача.

Кога Маск влезе во вселенската индустрија и индустријата за аеронаутика, многу индустриски гиганти сметаа дека тој е само уште еден милионер кој троши многу пари на некое свое хоби, а на крајот никогаш не успева. Но Илон Маск покажа дека е различен. Не само што навлезе во индустријата со целосна подготвеност, тој имаше и јасно дефинирана цел. Тој веднаш успеа да ги редефинира стандардите во оваа индустрија.

4. Ангажирајте „свежи“ таленти и верувајте им

Додека се навикнавме на вестите за „големите вработувања“ во различни индустрии на дневна база, Илон го гради својот тим за SpaceX и Tesla Motors исклучиво од млади таленти. А за да ги вработи младите и „свежи“ таленти, тој воопшто не се колеба ниту да ги побара на телефон лично. Иако неискусниот тим е повеќе подложен на грешки, тој сѐ уште може да донесе одлични резултати со енергијата која ја поседува и динамичното лидерство.

Но ова најверојатно е возможно само во случај кога сте подготвени да водите ваков тим. Според колега на Маск од неговите почетоци, кога тимот останувал да работи по 20 часа, Илон останувал 23 часа.

5. Променете ги конвенционалните начини на работа

Вселенската индустрија и индустријата за аеронаутика ги следеа (и уште ги следат) старите начини на работа. Кога Илон Маск влезе во вселенската индустрија, еден од најголемите предизвици за SpaceX беше да предизвика некоја голема компанија како што е Boeing.

SpaceX ја презентираше идејата за ракети за реупотреба, а успешен обид за приземјување на ракета е огромен чекор во индустријата. Овие стратегии кои ги кратат трошоците станаа голем плус со кој SpaceX може да им конкурира на гигантите во индустријата за првпат, па дури ги разгледува и можностите за нискобуџетни комерцијални летови во вселената.

6. Борете се, борете се, и борете се уште повеќе

Илон Маск е борец кој се враќа од пораз навистина брзо. Кога компанијата X.com беше во невоља, некои од луѓето во компанијата го убедија одборот на директори да го отстранат Маск од позицијата извршен директор. Маск ги добил овие вести додека бил на меден месец и тоа девет месеци после стапувањето во брак. Се вратил назад со првиот лет за да се соочи со ситуацијата.

На сличен начин кога Tesla Motors не успеа да го оствари производството во дадениот рок за својот прв Tesla Roadster, а компанијата дојде на работ на банкрот, еден од директорите одбил да се согласи за понатамошно финансирање на производството со цел да предизвика неуспех и да му го преземе местото на Маск. Но Илон се борел самоуверено, целиот ризик го пренел на хипотеките и успеал да избегне банкрот.

Во оваа борба за опстанок, Илон се разболел сериозно и бил отсутен неколку месеци. Ова е навистина големо загрижување за еден претприемач и со цел да го одржи своето здравје тој треба да внесува мали работи во својата рутина како користење на фитнес тракери кои ќе го следат здравјето и состојбата на телото.

7. Уживајте во животот, славете ги успесите

И покрај набиената агенда, Илон Маск секогаш наоѓа време за да ужива во животот. Кога го добил својот дел од продажбата на првиот стартап, тој купил стан и веднаш се преселил од куќата во која живеел со тројца други луѓе. Исто така купил и McLaren за 1 милион долари (кои тогаш ги имало само 62 на број во светот), a CNN направи документарец за доставата на автомобилот до неговиот дом.

Сподели!
- Advertisement -