Од каде Европа ја добива својата енергија?

- Advertisement -

Европа се префрла на обновливи извори за генерирање електрична енергија во текот на измината деценија. Ветрот и соларната енергија се главните извори кои ја предводат оваа промена и учествувале со 19% во вкупата електрична енергија во ЕУ произведена во 2021 година.

Но, нуклеарната енергија е најголемиот извор на електрична енергија во ЕУ и во цела Европа, и покрај тоа што забележува континуиран пад изминатите неколку децении.

- Advertisement -

Енергијата и снабдувањето со енергија минатата година беше многу критична тема за речиси сите европски земји затоа што целиот регион прави напори да се ослободи од зависноста пд руската нафта.

Додека многу земи постигнаа напредок во транзицијата од фосилните горива, речиси половина од земјите на ЕУ се уште се зависни од нив како главен извор на енергија.

- Advertisement -

Од мапата во прилог можете да видите кој е главниот извор за генерирање енергија за секоја европска земја. Мапата се базира на податоци од Electricity Maps и Меѓународната агенција за енергија.

Во 2011 година фосилните горива сочинуваа 49% од производството на енергија во Еу, додерка обновливите извори учествуваа со 18%. Една деценија подоцна обновливите извори се изедначија со фосилните горива и сочинуваат до 32% од производството на енергија во ЕУ, наспрема фосилните горива со 36%.

- Advertisement -

Главниот двигател на оваа промена кон обновливи извори беа ветрот и соларната енергија, кои од само 8% учество во 2011 година пораснаа на 19% во 2021 година. Иако ова можеби ви изгледа како мал раст, ветрот и соалрната енергија во ЕУ учествуваат во вкупното производство на енергија со еден од најголемите проценти во светот .

Додека хидроенергијата нема толкав дел како другите извори, сепак, таа е примарен извор на енергија во Европа и игра огромна улога во обезбедувањето обновлива енергија. Нуклеарната енергија е најголем извор на генерирање енергија во ЕУ и ширум Европа и покрај падот во изминатите декади. Во 2001 година нуклеарната енергија учествуваше со 33% во вкупно генерираната енергија во Еу, а во 2021 со 25%.

Кога се гледа земја по земја, најголем дел од европските нации се најмногу зависни од фосилни горива како примарен извор на енергија. Германија, на пример, најмногу зависи од јаглен, Франција е најголемата европска економија која главно зависи од нуклеарна енергија, доека Италија, Обединетото Кралство и Холандија главно зависат од природен гас.

Шпанија е една од најсупешните приказни во Европа за транзиција кон обновлива енергија. Додека во периодот 2017-2021 година земјата најмногу зависела од природен гас (29%), во 2022 година учеството на природниот гас во вкупното производство на енергија падна на 14%, а на ветрот се зголеми на 32%.

Од почетокот на војната во Русија енергетската зависност на ЕУ е од најголемо значење и земјите преземаат мерки за да се забрза нивната транзиција кон обновливи извори на енергија.

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -