Шпаркасе банка дава можност за индивидуални донации за СОС Детско село преку мобилно банкарство

- Advertisement -

Во рамките на долгогодишната соработка помеѓу Шпаркасе Банка и СОС Детско село, а со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, Банката отсега им нуди на сите заинтересирани клиенти – корисници на мобилното банкарство на Шпаркасе Банка, можност за индивидуални донации.

Имено, покрај низата досегашни заеднички активности и редовната парична донација од страна на Банката и од вработените на годишно ниво, Шпаркасе Банка отсега им овозможува на своите клиенти да донираат парични средства, така што ќе уплаќаат донации без провизија, користејќи предефиниран терк, поставен во Режиски трошоци на мобилната апликација S-Banka.

- Advertisement -

Овој чекор е проширување на идејата за индивидуално филантропство што Шпаркасе Банка ја поттикна и ја негува, давајќи личен пример со индивидуални донации од своите вработени кон СОС Детско село, веќе 10-та година по ред.

Негувајќи корпоративна и индивидуална филантропија, банката активно придонесува за подигнување на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, градејќи силни врски на доверба и поддршка со оние на кои им е најпотребно.

- Advertisement -

Шпаркасе Банка ја изразува својата верба во заедницата и ги поттикнува сите свои клиенти да бидат дел од градење заедничка култура на солидарност и поврзување.

Со донирање за СОС Детско село преку мобилно банкарство, донирате за повеќе детски насмевки, топол дом и љубов за секое дете.

Сподели!
- Advertisement -