Изложбениот центар „Матка“ организира едукативен настан по повод роденденот на Никола Тесла

- Advertisement -

Изложбениот Центар „Матка“ деновиве најави едукативен и интерктивен настан во своите простории со цел да го прослави роденденот на таткото на наизменичната струја и бројни други футуристички пронајдоци, Никола Тесла.

Настанот е закажан за 10 јули, на роденденот на Тесла, а планирани се бројни работилници и предавања, како и експерименти преку кои учесниците ќе стекнат знаења за енергијата и струјата, а ќе им се поттикне и интересот за идно изучување на овие технологии.

- Advertisement -

Во рамки на настанот ќе има: претстава  „Гига мега бајка“, креативна работилница за пишување „Приказни за електрицитетот” со Билјана Црвенковска, уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија”, предавањe „Моќта на електрицитетот“, проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“ и многу други настани.

Влезот на настаните ќе биде бесплатен, а обезбеден е бесплатен превоз. Ќе се поаѓа од Југодрво во 10.00 ч., а по завршувањето на настанот, учесниците ќе бидат вратени на истата локација.

- Advertisement -

За присуство и бесплатен превоз, задолжително е пријава на следниов линк најдоцна до 8 јуни. Повеќе информации за настанот можете да добиете на бројот 072/ 935 – 105.

 

Сподели!
- Advertisement -