Германскиот фармацевтски гигант Гересхајмер ќе гради втора фабрика во Скопје. Инвестицијата е со вредност од 126 милиони евра и е најголема во историјата на технолошко-индустриските зони. Над 180 вработени ќе произведуваат шприцеви за вакцини, специјализирани производи од медицинско стакло и други продукти за потребите на светкиот фармацевтски пазар.
Досегашното позитивно искуство и поволните услови од државата, како што изјави потпретседателот на компанијата, Оливер Бургел, биле причина да се вложи во нов производствен капацитет.
Иако Македонија е само мала точка на мапата каде е присутна оваа компанија даваме сериозен придонес во глобалните предизвици, истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, чиј говор премиерот Ковачевски го најави како одговор на вчерашните обвинувања на опозицијата од собраниската говорница дека нема нови инвестиции во земјава.
– Во Парламент ми викаат немало нови фабрики, еве покажете им пред сите. – Ништо не виделе, ги преспале овие 2 години изгледа. //// Двете фази на компанијата достигнуваат инвестиција која што е за малку пократка од 200 милиони евра, така што зборуваме за најголемата гринфилд инвестиција во историјата на Македонија и, да, тоа е разлика и сериозен исчекор напред.“изјави премиерот Ковачевски.
Првите погони на „Гересхајмер“ започнаа со работа во 2021 година. Присутни се во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка со околу 10.000 вработени и остваруваат годишни приходи од околу 1,4 милијарди евра.