Ако сакаме навистина да ја проучуваме површината на планетата Венера, многу неопријателскиот сосед на Земјата, за тоа ќе биде потребна многу напредна батериска технологија, тврдат од НАСА. Повторното слетување на површината на Венера претставува неколку големи инженерски проблеми. Единствено не би било проблем да се влезе во атмосферата на Венера и да се спушти на површината видејќи атмосферата на Венера е толку густа што леталото со сондата лесно би се спуштило на површината, а за тоа нема да бидат потребни ретро ракети, кои инаку ги забавуваат леталата при слетувањето. Сепак, се друго е предизвик на Венера.
Просечната температура на површината е 455 степени Целзиусови, што е доволно да стопи олово. Мешавината од хемикалии кои ја сочинуваат атмосферата, како што е сулфурната киселина, е корозивна за најголем дел од металите. Атмосферскиот притисок е еднаков како да сте на 1.500 метри под вода на Земјата.
Тие екстремни услови се место каде што металите и електрониката умираат, па затоа неколку мисии на Венера кои стигнаа до нејзината површина траеја само два часа или помалку. Затоа сите идни лендери или ровери мора да имаат речиси невозможни карактеристики за да ја издржат површината на оваа негостољубива планета.
Постои уште еден предизвик, а тоа е создавањето батерии кои ќе работат дупло подолго во пеколните услови на Венера за да вреди да се испратат идни мисии таму. Но, изгледа дека има решение за овој предизвик. Имено, НАСА работи со компанијата Advanced Thermal Batteries (ATB) и заедно ја создадоа првата батерија која може да работи на температурите на Венера во текот на целиот соларен ден на Венера, кој трае приближно 120 дена на Земјата.
Батеријата се базира на краткотрајни батериски системи кои се користат за напојување паметни проектили. Се состојат од 17 поединечни ќелии и користат посебно дизајнирана хемија и структура на материјалите. Додека бватеријата уште е во развој, инженерите на НАСА ина ATB се охрабрени од тестовите, кои покауваат дека батеријата може да работи во тешки атмосферски средини, како таа на Венера.
(Universe Today)
(фото: Max Pixel)