Хрватски иноватори направија целосно автономни мобилни роботи

- Advertisement -

Интеграцијата на роботите во секојдневната работа не е нешто за што само читаме или гледаме на телевизија. Компаниите се се’ позаинтересирани за воведување на роботите во своите простории. Како резултат на интересната соработка меѓу Gideon Brothers, компанијата која се занимава со роботи и вештачка интелигенција и хрватскиот трговецот со автоделови Tokić, сеа мобилните роботи на Gideon сега возат во логистичко-дистрибутивниот центар на Tokić во Сесвета.

Така, Tokić стана првата хрватска компанија која во својата работа имплементира целосно автономни мобилни роботи, како една од активностите за поголема продуктивност пред планираното ширење на пазарот во ЕУ.  Воведувањето на колаборативни логистички роботи ќе овозможи компанијата Tokić да ги зголеми своите капацитети и да ги оствари своите амбициозни планови за ширење и покрај недостигот од работници на хрватскиот пазар на труд.

- Advertisement -

Gideon Brothers е само една од трите компании во светот и единствена во Европа која развива автономна технологија со навигација базирана на визуелна перцепција, комбинирајќи стереоскопски камери и длабинско учење. Автономијата на Advanced Visual Perception на Gideon нуди значително поширок распон на сценарија за користење од конкуренцијата затоа што технологијата е неспоредливо подобра за локализација и препознавање на објекти отколку стандардните решенија кои се базираат само на LiDAR сензори.

- Advertisement -

Роботите се дизајнирани за пренос на тешки товари до 800 кг, на стандардни палети. Целосное  автономне, што значи дека не им е потребен  екстерен систем за наведување: сам ја перципира околината, прави мапа на просторот и ја дополнува со промените кои ги регистрира, препознава предмети, други машини и луѓе и маневрира целосно безбедно околу нив.

Сподели!
- Advertisement -