Европската комисија на вработените им забрани да користат TikTok

- Advertisement -

Европската комисија на вработените им забрани да ја користат кинеската апликација TikTok од безбедносни причини. Ова е најновиот пример за се поголемата напнатост која владее меѓу Пекинг и Западот.

Западните влади се вознемирени поради доказите дека кинеската технолошка компанија и помага на Комунистичката партија и на нејзините известувачки служби во собирањето големи количини податоци ширум светот, со посебен фокус на политичките и безбедносните цели од голема вредност.

- Advertisement -

Висок претставник од комисијата изјавил дека во четвртокот наутро на вработените им било наредено да го избришат TikTok од нивните службени телефони, но и од своите приватни уреди доколку на нив имаат инсталирано апликации поврзани со нивната работа во Комисијата. Ако вработените инсистираат да ја задржат апликацијата TikTok на своите уреди, мора да ги избришат апликациите поврзани со работата.

Другите институции на Европската унија, вклучувајќи го Советот и Парламентот, веројатно се следните што ќе ја забранат кинеската апликацикаја, иако може да помине доста време пред Европскиот парламент да спроведе таква политика.

- Advertisement -

САД веќе го забранија TikTok на многу владини уреди, додека Холандија исто така размислува за таква забрана.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -