Трезорот кој ќе осигура дека човештвото секогаш има храна прослави 15 години постоење

- Advertisement -

Трезорот за спас на човештвото беше отворен на 26 февруари 2008 година и често се нарекува Ноева арка за растителна разновидност. Трезорот содржи речиси 1,2 милиони семиња од целиот свет, вклучувајќи пченица, грав, ориз, јачмен, зеленчуци, овошје, билки и други семиња.

Главата задача на трезорот е да осигура раноликост на посевите на Земјата и снабдување со храна за човештвото. Исто така, на генетските банки им дава можност за пристап до примероци од сите семиња во случај на катастрофа.

- Advertisement -

Семињата од целиот свет се складирани на константна температура од -18 степени Целзиусови во погон во близина на градт Лонгјирбајен, кој се наоѓа во Арктичкиот круг. Семињата се ставени во вакумирани елимуниумски кеси, а тие се чуваат во кутии во три разладни комори кои се заштитени од надворешната светлина.

Тинејџерите од градот кои имаат 15 години денес ќе учествуваат во складирањето нови примероци на семиња во трезорот. Овие денови се очекува да пристигнат десетици кутии со речиси 20.000 нови примероци на семиња од 20 генетски банки од светот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: World History Encyclopedia)

Сподели!
- Advertisement -