ВИДЕО: Кина го направи првото возило со натриум-јонска батерија

- Advertisement -

Со тест-возилото Sehol E10X почнува ерата на натриум-јонските батерии за патнички возила. Возилото има батерија со капацитет од 25 kWh и густина на енергија од 120 Wh/kg. Моделот има досег од 252 км, а батеријата користи ќелии со густина на енергија од 140 Wh/kg.

Предноста на ова возило во однос на литиум-јонските батерии се перформансите на ниски температури и брзото полнење. Производител на батеријата е компанијата Hina Battery, која претстави три натриум-јонски батерии и најави партнерство со компанијата Anhui Jianghuai Automobile Group Corp (JAC). Овој автомобил е еден од нивните модели и е првиот во светот кој има натриум-јонска-батерија. Hina Battery и Sehol – бренд на заедничката компанија на JAС и Volksvagen Anhui – заедно го направија тест-возилото со натриум-јонска батерија вез основа на моделот Sehol E10X.

- Advertisement -

Sehol E10X моментално е достапен во седум верзии со цена од 6.000 до 10.000 долари. Технологијата и перформансите на натриум-јонските батерии може да се користат во средни или големи електрични возила.

Партнерството со Hina Battery е многу битно истражување, а Sehol ќе продолжи да ја следи примената на натриум-јонските батерии во иднина и да лансира сопствени производи во вистински момент, велат од компанијата.

- Advertisement -

Претставувањето на пробното возило значи дека натриум-јонските батерии почнуваат да се користат во патничките автомобили, откако овие нови батерии главно се користеа во електрични бицикли и за складирање енергија.

Натриум-јонската батерија има сличен принцип како и литиум-јонската батерија, но не и се потребни кобалт и бакар. Јоните на натриум имаат поголема зафатнина и се позахтевни во однос на структурната стабилност и кинетичките својства на материјалот. Тоа е главниот проблем за индустријализација на настриум-јонските батерии.

- Advertisement -

(N1)

(фото: W/ikipedia)

Сподели!
- Advertisement -