Кина е во неверојатно водство во 37 од вкупно 44 стратешки важни и нови технологии на полиња како одбраната, енергетиката и биологијата, утврди Австралискиот институт за стратешка политика (ASPI). Институтот предупреди дека западните змеји заостануваат во глобалниот натпревар во истражувањето.
На некои полиња сите десет најдобри светски истражувачки институции се наоѓаат во Кина, нагласи Институтот, базирано на резултатите од истражувањето кое го финансирало американското Министерство за надворешни работи.
САД на многу полиња е на второ место, а уште води во истражувањата на полето компјутери со високи перформанси, квантни компјутери, мали сателити и вакцини, покажаа истражувањата на ASPI.
Во изминатите пет години Кина произвела 48,49% од важните светски истражувачки трудови во софистицирани авионски мотори, вклучувајќи хиперсонични, и е седиште на 7 од 10 најдобри светски истражувачки институции, се вели во истражувањето.
Кинеската Академија на науки го зазеде првото или второто место од 44 технологии кои ги следело истражувањето, вклучувајќи ја одбраната, вселената, роботиката, енергијата, околината, биотехнологијата, вештачката интелигенција, напредните материјали и квантната технологија.
Западните технологии губат во глобалниот технолошки натпревар, вклучувајќи ја и трката за научни и истражувачки откритија, утврди австралискиот институт и ги повика владите повеќе да инвестираат во истражувања. Кина постигна неверојатно водство во стратешки важните истражувања во рамките на владините програми, нагласи Институтот.
ASPI ги анализирал најчесто цитираните научни трудови за кои веруваат дека најверојатно ќе резултираат со патенти. Кина веројатно ќе изгради монопол на 10 полиња, вклучувајќи синтетичка биологија во која сочинува 1/3 од сите истражувања и електричните батерии, 5G и нано индустриското производство.
Благодарение на истражувањата за фотонски сензори и кватна комуникација, Кина би можела да стане невидлива за западните исветувачки служби, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд, предупредуваат авторите на истражувањето.
Авторите на истражувањето ги повикуваат демократските земји почесто да соработуваат за да создадат стабилни синџири за снабдување и побрзо да тргнат во правец на клучен технолопки напредок.
(Zimo)
(фото: Flickr)