Европската комисија донесе нови правила со кои ќе им наплаќа надомест на интернет платформите

- Advertisement -

Европската комисија донесе делегирана уредба со која ги утврди деталните правила и постапки за наплата на надомест за давање услуги под нејзин надзор. Како што известуваат од Комисијата, во склад со Актот за дигитални услуги, мкој стапи на сила во ноември минатата година, Комисијата е овластена да воведе таков надомест, а првата наплата се очекува идната есен.

Целта на уредбата е да се осигура правна безбедност за давателите на сулуги кои во скалд со Актот за дигитални услуги спаѓаат меѓу го,емите интернет платформи или многу големите пребарувачи. Во Актот се наведува метдологијата и постапките за пресметка и собирање на надоместот за надзор, како и дополнителни детали за пресметката на вкупните процценети трошоци кои треба да се покријат со надоместот кој се наплатува и начинот на утврдување на поединечните надомести, велат од Комисијата. 

- Advertisement -

Обврските на давателите на услуги утврдени како големи интернет платформи или интернет-пребарувачи ќе почнат да се применуваат ќетири месеци после официјалното утврдување во склад со Актот за дигитални услуги. Делегираната уредба која беше предлоена денес следува после јавното советување за нацртот кое се одржа од 22 декември 2022 до 19 јануари 2023 година.

Според тој акт, платформите би можеле годишно максимално да плаќаат 0,05% од профитот на светско ниво од претходната финансиска година. Но, Комисијата ја дефинираше и точната формула која треба да ја земе предвид и големината на платформите, бројто на вработени и многу други компоненти.

- Advertisement -

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -