Наскоро роботи со вештачка интелигенција ќе предаваат во училниците во Обединетите Арапски Емирати. Овој заклучок е донесен врз основа на коментарите на министерот за образование на земјата.
„Ние во Министерството за образование сме посветени на тестирањето нови технологии и соработуваме со нашите партнери на развојот на тутори со вештачка интелигенција и на развојот на технологија за унапредување на образовниот систем во ОАЕ“ изјави министерот Ахмад Ал Фаласи на самитот Alef Education Summit во Дубаи.
Бидејќи науката и технологијата на полето образование забрзано се развиваат ширум светот, традиционалните методи на учење се трансформираат со иновативни алатки, кои ги револуционизираат училниците преку интерактивно учење и учење на далечина.
Ова го изјавил министерот на состанок за најновите напредоци на полето вештачка интелигенција и нивна моментална имплементација за доброто на образованието.
Фаласи потенцира дека неговиот тим сака да се осигура дека сите технологии со вештачка интелигенција се употребени за подобрување на квалитетот на учењето и образованието, не за да ги заменат луѓето кои се учители. Тој додава и дека би сакале да соработуваат со партнети како Microsoft и OpenAI.
Додека многу едукативни институции ширум светот ја забрануваат употребата на генеративна вештачка интелигенција во училниците, ОАЕ со отворени раце ја пречеуваат таквата технологија.
Ал Фаласи вели дека тоа ќе ги натера учителите, академиците и едукативните институции на глобално ниво да ги преиспитаат своите ставови.
(Interesting Engineering)
(фото: ndla.no)