Компанијата која ја прави прочуената пушка „калашњиков“ ќе му конкурира на Илон Маск – прави електричен автомобил

- Advertisement -

И покрај се поголемата конкуренција, за многумина Tesla и понатаму е синоним за електрични автомобили и честопати новите модели на е-возила се споредуваат токму со моделите S, X и 3. Конкуренцијата во иднина ќе биде уште поголема, а неделава Маск доби неочекуван ривал, компанија која тврди дека на овој пазар може во чекор да ја следи Tesli – Калашњиков, пишува Zimo.

Компанијата која се прослави со пушката AK 47 или „калашњиков“ повеќе не е само производител на оружје, туку неделава го претстави концептот за својот прв електричен автомобил CV-1. Тие порачаа дека ќе можат да му конкурираат на Илон Маск. Како што може да се види од фотографијата, од Кalašnjikov не се одлучиле за модерен дизајн, туку а коцкаста форма на автомобилот кој е инспириран од моделот IZH-21252 Kombi, кој во Русија се произведуваше од 1973 до 1997 година.

- Advertisement -

Има различни реакции на овој прилично необичен дизајн – за некои ретро стилот е атрактивен и интересен, додека за други припаѓа на минатиот век. Она што сигурно не припаѓа на минатиот век е електричниот мотор или мотори, бидејќи не се знае колку мотори ќе има автомобилот. Благодарение на нив автомобилот ќе може да забрза до 100 км/ч за околу 6 секунди, а досегот со едно полнење на батеријата ќе биде околу 350 километри.

При претставувањето на концептот од Калашњиков за медиумите коментираа дека автомобилот дозржи технологија со која може да стои рамо до рамо со најголемите компании на тој пазар, како што е Teslа. Целта на овој потег на компанијата е да го сврти вниманието на себе со производи кои не се врзани за оружје. Бидејќи дизајнот на CV е прилично храбар, ќе привлеќе внимание само на одреден број купувачи. Исто така, на рускиот пазар електричните автомобили не се толку популарни како во САД или во некои земји од Европа – горивото за класичните автомобили не е скапо и нема државни субвенции за купување е-возила, па за најголем дел од Русите овој автомобил ќе биде прескап.

Сподели!
- Advertisement -