Објавен е нов извештај на финансиската страница MoneyNerd кој рангира топ 25 градови во светот според трошоците на живот, просечната плата, бројот на работни места и уште многу други параметри. Њујорк, кој е познат по динамичниот и брзиот начин на живот, е еден од градовите со најдобар баланс меѓу работата и приватниот живот, но не е на прво место.
Страницата ги користела податоците на Организацијата за економска сорабтока и развој, извештаи за среќата од Glassdoor и LinkedIna за да утврди кои градови имаат насјреќни жители и нудат можности за високо платени работни места.
Копенхаген се наоѓа на прво место во светот со најдобра рамнотежа меѓу приватниот живот и работата и конкурентни плати. Данската престолнина има вкупна просечна плата од 44.474 долари во комбинација со висока оценка за балансот меѓу работата и приватниот живот – 8,6 од 10 добови.
Амстердам и Њујорк се на второ и трето место. Во Амстердам просечната плата е само малку пониска од таа во Копенхаген – 44.367 долари. Оценката за балансот меѓу работата и приватниот живот е 8,3 од 10. Во Њујорк просечната плата е 71.401 долари, а оцценката за балансот е 5.2 од 10.
Осло е на четврто место со просечна плата од 46.196 долари, а Цирих е на петто место со оценка за балансот 7,7 од 10 и процечна плата од 82.191 долари.
Пекинг, Лисабон и Будимпешта се некои од градовите со најлоша рамнотежа меѓу работата и привантиот живот, според MoneyNerd. Овие три градови имаат најниска просечна плата од останатите и помалку достапни работни места, според истражувањето на MoneyNerd.
(Bizlife)
(фото: Max Pixel)