Новиот падобрански систем за испуштање товар, кој ветува поефикасна достава на војници и нивната опрема во зоните за испуштање, моментално се тестира во американската војска. Станува збор за системот наречен Rapid Rigging De-Rigging Airdrop System (RRDAS), дизајниран за одвојување после слетување, со што на војниците им се овозможува брзо да го напуштат теренот за слетување и да избегнат потенцијална непријателска опасност.
Системот RRDAS полесно е да се постави од конвенционалните. RRDAS се состои од низа модули на воздушни перничиња за повеќекратна употреба кои се поставуваат за да го ублажат ударот на товарот која паѓа на тлото. За разлкика од традицоналните товарни падобрани, кои користат картонски материјал за ублажување на слетувањето, RRDAS користи десет модули на воздушни перничиња кои можат да ја апсорбираат целата сила од ударот во тлото. Тие перничиња може да се активираат дури 225 метри над почвата и да носат товар од 2.250 до 10.000 кг.
Тестирањето на системот се спроведува на полиготнот Yuma Proving Ground во Аризона, а евентуалниот успех ќе значи и широка примена во американската војска, затоа што ветува поефикасен и постабилен начин на испорака на критични стоки и опреми за војниците на терен. Се очекува системот и значително да го скрати времето кое им е потребно на војниците да ја примат таа опрема и товар, што ќе им овозможи да останат во борба и поефикасно да ја завршат својата мисија.
Поставувањето на новиот систем треба за биде до 25% побрзо од традиционалните, а демонтажата дури 40% (или 2.5 часа) побрза, што на војниците на терен ќе им овозможи брзо да се спакуваат и да избегнат опасност.
Планирано е тестирањето да заврши во текот на оваа година, а целосното усвојување на системот во американската војска се очекува во 2025 година.
(Tech Times)
(фото: nara.getarchive.net)