Научници оживеаја древни зомби вируси од пермафростот или трајниот мраз и открија дека уште можат да ги заразат живите едноклеточни амеби. Шансите тие прастари вируси да ги заразат животните и луѓето уште не се јасни, но научниците нагласуваат дека вирусите од пермафростот ви требало да се сметаат за закана по јавното здравје.
Прмафростото е слој кој останува целосно замрзнат во текот на целата година, односно барем беше така пред климатските промени. Пермафростот покрива околу 15% од вкупното копно на северната хемисфера на Земјата. Но, поради климатските промени пермфростот брзо се топи и открива мноштво древни остатоци – од вируси и бактерии до мамути и беспрекорно сочувани изумрени видови мечки.
Францускиот професор Жан-Мишел Клавери пронајде соеви на 48.000 години стар смрзнат вирус на неколку пермафрост локации во Сибир, пишува CNN. Најстариот сој, кој датира од пред 48.500 години, дошол од примерок од почвата од подземно езеро, додека најмладите примероци биле стари околу 27.000 години. Еден од тие млади примероци е откриен во остатоци од мамут.
Некои научници стравуваат дека како што климатските промени го загреваат Арктикот, со топењето на пермафростот може да се ослободат древни вируси кои не биле во контакт со живи суштества со илјадници години, а тоа значи дека билките, животните и луѓето можеби немаат имунитет на нив.
За професорот Клавери ова не е прв пат да оживее вируси кои ги нарекува зомби вируси. Тој се занимава со истражување на таквите вруси од 2014 година наваму и вели дека освен него, многу малку научници ги сфаќаат сериозни тие вируси.
Клавери и неговиот тик во нивната најнова студија успеале да оживеат неколку нови соеви зомби вируси и откриле дека секој од нив уште може да зарази култувирани амеби, што треба да се смета за научен куриозитет и загрижувачка закан по јавното здравје, смета Клавери.
Истражувањата на замрзнатите вируси како што е тоа на Клавери помагаат подобро да се разберат тие вируси, да се научи како функционираат и дали можат потенцијално да ги заразат луѓето или животните. Но, не се кријат само вирусите во пермафростот. Таму има и древни бактерии кои може да се ослободат и да се реактивираат по прв пат и после 2 милиони години.
(Business Insider)
(фото: Ponderwall)