Тоблероне ќе мора да го менува логото бидејќи не е повеќе целосно швајцарски продукт

- Advertisement -

Компанијата Тоблероне ќе мора да го отстрани врвот Матерхорн од нивните амбалажи откако дел од производството на нивните чоколади ќе се префрли од Швајцарија во Словачка.

Чоколадите во облик на пирамиди, кои се инспирирани од овој врв на Алпите, ќе го ребрендираат логото соопштија од американската компанија Монделез, во чија сопственост се наоѓа брендот Тоблероне. Оттаму велат дека сликата на врвот висок 4.478 метри ќе биде заменета со генерички планински врв.

- Advertisement -

Компанијата е приморана на овој чекор поради строгите правила за швајцарски домашни производи кои се на сила од 2017 година. Според нив, националните симболи не смеат да бидат прикажани на млечни производи кои не се изработуваат ексклузивно во Швајцарија. За другите видови на сирова храна, оваа граница е најмалку 80%.

Во одговор испратен до Би-Би-Си од Монделез велат дека го префрлаат дел од нивното производство надвор од земјата за да „одговорат на зголемената светска побарувачка и да го развијат брендот на Тоблероне за иднината“.

- Advertisement -

Тие велат дека новата амбалажа ќе има различно лого и дизајн кој ќе го вклучува потписот на сопственикот на чоколадната компанија, Теодор Тоблер.

Чоколадото во форма на планини, кое традиционално се изработува од швајцарско млеко со мед и мешавина од лешници и бадеми, за првпат беше пуштено во продажба во 1908 година во Берн, главниот град на Швајцарија. Сепак, дури во 1970 година на амбалажата на овој производ се појави врвот Матерхорн.

- Advertisement -

Во 2016 година Тоблероне предизвика контроверзии откако реши да го промени дизајнот на чоколадото оставајќи поголемо растојание помеѓу карактеристичните триаголници во обид да ги намали трошоците. По јавните критики, две години подоцна компанијата го врати стариот изглед на чоколадото.

Извор – Радио МОФ

Фото – Wikimedia Commons

Сподели!
- Advertisement -