Хрватски ученици направија игра која може да ја играат слепи и слабовидни лица

- Advertisement -

Ученици од Ријека осмислија верзија на популарната игра Memory која можат да ја играат слепи и слабовидни лица. Се е направено за децата да можат да го допираат и да препознаат што е, објаснуваат учениците. Сега на картичките за играње додале и Брајова азбука и сето тоа го осмислиле во рамките на Дигиталниот инвестициски инкубатор во Институтот за иновации.

Овие ученици се само дел од креативците и иноваторите кои поминаче низ инкубаторот. Досега таму учествувале над 240 училишта и факултети од цела Хрватска. Имаат навистина различни идеи – од програми за стари и изнемоштени лица, паметни завеси, паметни тркала за велосипеди итн, велат од Инкубаторот.

- Advertisement -

Инкубаторот сега бара нови иноватори. Таму учениците и студентите можат бесплатно да се пријавуваат. Digitalniinkubator.eu e веб-страницата на инкубаторот и таму ги има сите информации за сите тековни проекти.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -