Геологијата на бразилскиот вулкански остров Триндаде со години ги фасцинира научниците, но откривањето камења направени од пластичен отпад на овој оддалечен остров кој е засолниште за желки предизвика вистинска узбуна.
Стопената пластика станала дел од карпите на островот, кој се наоѓа на 1.140 км од југоисточната држава Еспирито Санто, велат научниците, а тоа според нив е доказ за се поголемото штетно влијание на луѓето врз геолошките циклуси на Земјата.
„Тоа е ново и истовремено застрашувачко затоа што контаминацијата влезе во сферата на геологијата“ вели Фернанда Авелар Сантос, геолог од Федералниот универзитет во Парана.
Сантос и нејзиниот тим направиле хемиски тестови за да се дознае каква пластика се наоѓа во карпите кои се нарекуваат пластигломерати затоа што се направени од мешавина од седиментни гранули и други отпадни материјали кои заедно ги држи пластиката.
„Идентификувавме загадување главно рибарски мрежи, што е мнигу чест отпад на плажите на островот Тринидаде. Морските струи ги носат и се натрупуваат на плажите. Кога температурата ќе порасне, пластиката се топи и се вградува во природните материјали на плажите“ вели Сантос.
Островот Тринидаде е еден од најбитните светски заштитени места за зелените желки, на кои секоја година доаѓаат илјадници за да снесат јајца. Единствени луѓе на Тринидаде се припадниците на бразислката морнарица, кои имаат база на островот и ги штитат желките кои ќе се родат.
„Местото каде што ја најдовме пластиката е трајно сочувано подрачјхе во Бразил, блиску до местото каде што зелените желки несат јајца“ додава Сантос.
(N1)
(фото: Wikimedia)